сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски:  Шести ден од комисиската расправа, а петти ден како министерката за финасии е отсутна од комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Координаторот на пратеничката група во собранието на  ВМРО-ДПМНЕ , Никола Мицевски од говорницата на комисисиката расправа на Комисијата за финансирање и буџет порача дека веќе е шести ден од комисиската расправа во собранието за ребалансот на буџетот кој што е важен документ, а петти ден министерката за финасии отсутна од истиот.

-Петти ден министерката за финасии не дава важност на оваа комисија, петти ден не се дава важност на ребалансот на буџетот, а состојбата со реализција на тој буџет не е баш сјајна, за да се шета и да се занимава со не толку битни работи за Република Македонија, впрочем и за која што е избрана министерка,  вели Мицевски.

Тој истакна дека се надева дека на овие заложби и инститирања да ги слушне проблемите на граѓаните преточени преку амандмани на пратениците, министерката ќе најде време иако формално правно заменик министерката е тука, но ние сакаме да ја видиме новата министерка која дала потпис за овој ребаланс, затоа што Република Македонија  чека на нејзините резултати, и поради фактот што ова требаше да биде економската година која беше најавена од Зоран Заев и од владата на СДСМ.

Најнови вести