ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата и ќе интервенираме амандмански за доследно почитување на колективните договори и коефициентот на сложеност на работните места, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во „Објектив“ на МТВ.
Тој истакна дека потребен е и ребаланс на буџетот за да се разгледаат и зголемат дотациите на општините.
– Власта сега не ги зголемува дотациите, а тие им се потребни на општините за платите. Државата ќе биде добитна во својата каса, а општините изложени на трошок. Ние сме за зголемување, но минималната плата да ја следи и продуктивноста. Работодавачите се загрижени за своите бизниси, вели Мицевски.
Тој прашува дали власта воопшто разговара со бизнис секторот, затоа што викаа дека ваков усогласен став имаа за недела работен ден па испадна дека не е.
Според него минималната плата треба да се покачи, но граѓаните од оваа власт се осиромашени.
– Минималната плата нема да ги покрие тендерите на СДСМ и ДУИ и покачувањата кои се случуваат, сега имаме кризи кои придонесуваат за зголемување за сиромаштијата, изјави Мицевски.