сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ не е против зголемување на платите

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ не е против зголемување на платите

На денешната собраниска седница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека партијата и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се против зголемување на платите во администрацијата, туку напротив, според нив, таа треба да расте уште повеќе.

-Сето тоа може да се случува како резултат на подобра деловна бизнис клима во Република Македонија во приватниот сектор каде што ќе створите бизнис клима да можат фирмите по природен пат да растат и да се развиваат и тие плати да ги дадат.

Мицевски потенцираше дека иселувањето на граѓаните од Македонија е загрижувачки факт што допринесува до страшни бројки на пораст на македонски фамилии во европски држави прават цели одделенија од деца. Тој повика да се направат услови да се вратат младите во Република Македонија, а зголемувањето на платите да оди по природен тек.

Оваа мерка која ја планирате е само за вас, за Владата, за да може да штиклира дека порастот на платата, просечната или минималната се зголемила. Меѓутоа, целиот бизнис сектор кажува дека имаат полоши услови за водење на бизнис. На тоа треба да работи оваа Влада, не на нови задолжувања.
Мицевски се осврна и на проектот Мој ДДВ потенцирајќи дека проектот нема да успее затоа што според податоците не повеќе од 200 илјади луѓе ја користат апликацијата.

-Сумите коишто ги слушнавме дека до септември ќе бидат вратени се некаде 2милиона и 600 илјади евра, излегува дека се враќаат по едно евро на граѓанин. Таа бројка е незадоволителна. Таа бројка нема да ја сузбие сивата економија. Таму каде што фискални смети не се даваа во минатото, не се даваат и сега, потенцираше Никола Мицевски.

Најнови вести