Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување во емисијата „24 Анализа“ на прашањето поврзано со вработеноста во администрацијата истакна дека власта предводена од СДСМ во 2018 година објавила 397 огласи за 1336 работни места, а во 2019 обавиле 173 вработувања.
Тој го потсети министерот Дамјан Манчевски дека кога СДСМ беше во опозиција многу често критикуваше дека администрацијата е пренатрупена со вработени.
-Сега на кого да веруваме? На Дамјан Манчевски кога беше во опозиција до 2016-та година, или кога Дамајан Манчевски е министер за информатичко општество и администрација?- праша Мицевски.
Мицевски потенцираше дека како пратеник во Собранието во Република Македонија имал поднесено претставка колкава е бројката на вработени во администрацијата, но подолг период не добивал конкретен одогвор , туку само некои паушални одоговори.