Професорката Гордана Силјановска Давкова победува на претседателските избори и тоа му е јасно и на господинот Заев и на господинот Стево Пендаровски и токму тоа нив ги мачи периодов и сега се погласно се слуша опцијата за бојкот во нивните изборни штабови, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ Дуел со Зоран Заев.
Мицкоски посочи дека СДСМ имаат намера откако ќе се соочат со катастрофалниот пораз по првиот круг, во вториот круг да не излезат на гласање и на тој начин ќе предизвикаат дополнителна криза во државата.
-ВМРО-ДПМНЕ влезе многу амбициозно во целата оваа приказна, ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата за подобра Македонија апсолутно застана позади професорката Гордана Силјановска Давкова, тој е вистинскиот консензуален кандидат, конзенсуланиот кандидат за сите граѓани на Република Македонија, тоа е кандидатот кој ќе биде идниот претседател на Република Македонија, заштитник на правото и правдината, истакна Мицкоски.