петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Колку побргу оваа Влада замине толку побрзо ќе дојдат вистински реформи во образованието, родителите ја имаат мојата поддршка против квази реформите на Царовска

Мицкоски: Колку побргу оваа Влада замине толку побрзо ќе дојдат вистински реформи во образованието, родителите ја имаат мојата поддршка против квази реформите на Царовска

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета во Штип при што одговараше и на прашања на медиуми. Едно од прашањата на медиумите беше и за реформите во образованието.

– Факт еден, а тоа е дека скапо платената платформа за онлајн учење која што требаше да започне на први септември минатата година започна со еден месец задоцнување односно на први октомври. Парите се потрошија нема одговорност, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека одговорност ќе има кога ќе се промени оваа Влада која не направи ништо за доброто на граѓаните.

– Факт број два, ние немаме универзитет во првите 1.000, имаме Универзитет кој што е длабоко закован на 2.000-тото односно на последните места во светот. Факт број три, на дното сме според тестирањето на ПИСА. Факт број четири, родители, илјадници родители се незадоволни од овие квази реформи кои што ги предвидува Мила Царовска и апсолутно ја имаат мојата поддршка пред се како човек, како педагог и како универзитетски професор, а потоа како политичар. И факт број пет, колку побргу оваа Влада замине толку побрзо ќе дојдат вистински реформи во образованието кои што сите овие параметри ќе ги ревидираат во позитивна насока. Односно да имаме еден универзитет во првите 500 според Шангајската листа, да бидеме меѓу првите 20 според анкетирањето на ПИСА, да бидеме луѓе кои што навистина ќе имплементираат дигитализација но нема да ги заборават учебниците бидејќи на тој начин се дефинира практично моториката на децата, читањето, пишувањето итн. Колку побргу оваа Влада замине толку побргу ќе имаме вистински реформи и вистински подобри услови за наставниците во основното, средното образование и професорите на универзитетите, рече Мицкоски.

Најнови вести