Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист на прашање за тоа како ја коментира соработката на со Хрватска и дали ХДЗ и ВМРО-ДПМНЕ делат исти вредности
„ХДЗ е наша сестринска партија, а премиерот Пленковиќ мој пријател и пријател на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Секако дека имаме соработка во рамките на Европската Народна Партија, и секако дека таквата поддршка мене многу ми значи, и таквите мостови на пријателство треба интензивно да бидат искористени во насока на подинамична соработка“, истакна Мицкоски.
Мицкоски зборуваше и за корона заразата во Македонија, при што потенцираше дека во нашата држава владата многу неефикасно се бореше со оваа зараза, а доказ за тоа се и високите стапки на смртност според кои по глава на жител Македонија е меѓу најлошите во Европа и Светот.
„Морам да кажам дека владата во Македонија многу неефикасно се бореше против корона заразата. Имаме над 7 200 починати, и споредено со глава на жители тоа е меѓу највисоките стапки на смртност во Европа и Светот. Отсуствуваше навремена вакцинација, а меѓу другото министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Заев беа дел од скандалозна набавка на кинески вакцини по енормно големи провизии преку сомнителни приватни компании. Во Македонија се случи и пожар во модуларна болница при што беа загубени 14 животи, за кој никој не поведе одговорност. Тоа е една лоша и болна епизода за мојата земја“, потенцираше Мицкоски.
Тој зборуваше и за соработката меѓу Македонија и Хрватска како две пријателски земји за што истакна дека двете држави има простор да ја интензивираат соработката , како во полето на економијата, така и во полето на културата и туризмот.
„Таа соработка треба да се продлабочува особено што двете држави се пријателски и секако дека има простор да си помагаме една со друга. Хрватскиот народ историски и во актуелната реалност бил секогаш пријателски спрема македонскиот и од таа гледна точка и двете држави треба да ја интензивираат соработката, како во полето на економијата, така и во полето на културата и туризмот. Како и на планот на пренесување на искуството за европските интеграции“, подвлече Мицкоски.
Тој истакна дека хрватските туристи се секогаш добредојдени во Македонија и дека соработката на овој план е обострана и додаде дека и тој лично во кога тоа го дозволуваа времињата, семејниот годишен одмор го поминувал во Хрватска.