среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Најважните не сме ние носителите на функции, туку членството кое работи со срце

Мицкоски: Најважните не сме ние носителите на функции, туку членството кое работи со срце

-Некои знаат да отворат дебата за значењето и улогата на одделни функционери кои биле дел од партијата и секако дека оставиле белег. Многумина кои биле носители на одлуки во партијата и тие кои се уште се дел имале своја заслуга и значење. Па често знаат да ме прашаат: „Добро еве кои според вас функционери се најзаслужни за партијата?“. Тука би рекол – не бе луѓе, најважните не сме ние носителите на функции, туку членството кое работи со срце, лавовски се бори по месните комитети, ким-овите, градовите и селата. Кое легнува и станува со мислата како да има промени за да има и решенија и напредок на државата и оваа влада да падне, зошто јасно е дека само така Македонија ќе стане – посочи пред присутните во охридскиот Антички амфитеатар,каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ одбележува 31 година постоење.

Според него ВМРО-ДПМНЕ била и ќе биде била градителска и визионерска, и ги замоли во овие 31 година, да направат една кратка анализа за тоа што е изградено и постигнато како заеднички успех за земјава.

-Да го тргнеме настрана укинувањето на радиодифузната такса кое е на СДС, се друго, буквално се друго, било да е тоа автопат, регионален пат, маркантно училиште, странска инвестиција, исполнувањето на реформите врзани со стратешките интереси, историските најдобри економски резултати, реформите кои донесоа успеси во Катастарот, Централниот регистар, земјоделието, бројните работни места се плод на многу работа на ВМРО-ДПМНЕ и на луѓето кои беа дел од владите на ВМРО-ДПМНЕ, некои од нив се и тука присутни. Затоа што работата е наша одлика, а денот не завршува како што Заев знае да каже во 16 часот, и викендот да го користи за хедонизам туку за нас продолжува доцна во ноќта. Јас верувам во принципи, вредности и многу работа. Нови позитивни ветришта доаѓаат, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предводи промените кои во Македонија ќе создадат она што сега насушно треба, а тоа е систем. Систем на вредности и заслуги, систем на педантност во работата, чесност и одговорност. Реализација на идејата и сонот за Македонија како силна и ефикасна држава која ќе одговори за потребите на своите граѓани – додаде Мицкоски.

Најнови вести