Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот Фејсбук статус упатен до премиерот Зоран Заев, кој во синтервју за МИА вели дека економијата оди напред, напиша дека народот се помалку има пари и се помалку троши. -Јавната потрошувачка е намалена за 45 милиони евра во првото тромесечие оваа година, во однос на првото тромесечие лани. Тоа значи дека граѓаните се помалку има пари. Оваа информација ја знае Заев и секојдневно му доаѓа на маса, но не ја споделува со јавноста.
– И еве уште еден нов податок од економијата, од истите оние податоци кој што вие господине Заев ги добивате на маса во владата секој ден, но не ги кажувате во јавност. Граѓаните во првото тромесечие потрошиле во вкупен обем 45 милиони евра помалку споредено со лани година која беше година на најголемата политичка криза. Ако економијата одела напред, ако се било добро како што лажно се фалите, зошто народот помалку троши. Еве јас ќе ви кажам, народот нема пари, а нема затоа што владата е неспособна да создаде услови за развој, пишува Мицкоски.
Тој во продолжение пишува дека поголемиот број на проекти со кои се фали Заев, се проекти на ВМРО-ДПМНЕ.
– Што се однесува до инвестициите, не е убаво да се игра на картата на кратко помнење, иако со сила од Владата се прават дека не знаат, но народот памети. Па доволно е ако ништо друго да отворите Google и ќе видите дека Лимак е во Македонија уште пред неколку години, измените на урбанистичките планови за градежната парцела на Скопски Саем се направени од минатиот градоначалник на Гази Баба… и уште редици други инвестиции. Салдото за странски инвестиции е помало за 100 милиони евра споредоно со минатата година, напиша Мицкоски.
Мицкоски пишува и дека многу скоро ќе ги испрати транзиционите политичари во историјата.