недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Битола: Изборот е помеѓу обнова или Ал Капоне политиките на Зоран Заев

Мицкоски од Битола:  Изборот е помеѓу обнова или Ал Капоне политиките на Зоран Заев

Денеска е петтиот ден од кампањата за овие предвремени парламентарни избори кои ќе се случат на 15 јули. Денеска сме овде во Битола и битолско, ќе ги посетиме и Демир Хисар и Новаци, ќе имаме разговори со жителите на Новаци и Демир Хисар секако и со битолчани, рече Мицкоски од Битола.

-Веќе имавме можност да разговарам и да размениме мислења во врска со актуелната состојба. Каква е состојбата овде во Битола и битолско. Луѓето сведочат за сите оние порази и неправди кои се присутни ширум целата држава. Сведочат луѓето за сите оние неисполнети ветувања, неиспорачани очекувања. Битола е сведок на пустошот кој позади себе ќе го остави ова раководство на СДСМ и Ал Капоне политиките преточени во Зоран Заев. Така што навистина можам да кажам дека изминативе 5 дена и месеците претходно можам да заклучам дека во Македонија тешко се живее, луѓето се разочарани, безнадежни, луѓето ги напуштаат родните огништа се селат надвор од државата. Она што е актуелно денеска е практично сите оние лоши политики и мерки кои што беа поврзани со справувањето со Ковид-19 пандемијата. Исто така економската состојба е навистина разочарувачка. Имав можност да разговарам со еден претприемач овде, приватен стопанственик кој што се жали потешко од овие 3 години не било, а посебно сега навистина порази, неправди, истакна тој.

15 јули е денот кога еве ги повикувам граѓаните овде во Битола во битолско, Новаци, Демирхисарско, да излезат масовно и да ја подржат победничката коалиција за Обнова на Македонија, додава Мицкоски.

Најнови вести