вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Од ковид умираат Македонци, Албанци, од сите етникуми, солзите исто вредат, одговорноста е на Заев и Филипче, најмалку што може да направат е да дадат оставка

Мицкоски: Од ковид умираат Македонци, Албанци, од сите етникуми, солзите исто вредат, одговорноста е на Заев и Филипче, најмалку што може да направат е да дадат оставка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа вели дека секојдневно во Македонија умираат по 35, 37 лица од Ковид, а до сега никој од власта од морална одговорност нема поднесено оставка.

Дневно ни умираат по 35, 37 луѓе од ковид, значи дневно умираат, а слушавте ли некој да преземе одговорност? Јас ви гарантирам 37 пчели да изумрат ќе биде вест, а дневно ни умираат по 37, по 35 луѓе. Во јуни кога цел свет велеше луѓе доаѓа нов бран, Делта сој, ние прогласувавме по рекорден петти пат победа, се сеќавате, Филипче вели победуваме готово, крајот на август септември, работата е завршена. Вие денеска погледнете што се случува, посочи тој.
Мицкоски смета дека ова е шокантно и дека одговорните не разбираат дека секојдневно луѓе губат животи, односно како што рече тој без разлика од која етничка или партиска припадност се, солзата исто боли.
Шокантно е ова што се случува. Пазете на кое ниво е моралната одговорност кај луѓето, еден од нив да застанеше и да речеше, луѓе чувствувам морална одговорност заминувам од оваа работа, не ме бива. Значи еден да кажеше, па ќе речевме имало совесни луѓе, ама тоа се заробени луѓе на фамилијата кои што служат, а не разбираат дека луѓе животи губат и тука нема етничка припадност, тука нема партиска припадност, умираат и Македонци, и Албанци, Турци, Срби, Власи, и тие што се за ВМРО, и тие што се за СДСМ и тие што партија не ги интересира, солза исто боли, рече Мицкоски.

Најнови вести