четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со Дирк Јан Коп- Амбасадор на Холандија во Македонија

Мицкоски оствари средба со Дирк Јан Коп- Амбасадор на Холандија во Македонија

Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од Меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, оствари работна средба со Дирк Јан Коп – Амбасадор на Холандија во Македонија.

На средбата Мицкоски се заблагодари на принципиелната поддршка на Холандија насочена кон потребата од реформи на владеењето на правото, но истовремено нагласи дека Македонија останува најкорумпирана земја во Европа која во последните години не успеа да преземе конретни чекори во справување со системските недостатоци.

Мицкоски ја нагласи стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство во ЕУ базирана на вредности и стандарди наместо уцени кои не соодејствуваат со основачките договори на Унијата.

Соговорниците ја афирмираа потребата од оддржување на фер и кредибилни локални избори оваа есен.

Најнови вести