вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Поглавјето со националните теми за ВМРО е кристално дефинирано, во иднина не ме прашувајте дали ќе застанам, планирајте бланко дека сум на браникот на националните интереси

Мицкоски: Поглавјето со националните теми за ВМРО е кристално дефинирано, во иднина не ме прашувајте дали ќе застанам, планирајте бланко дека сум на браникот на националните интереси

Не ме прашувајте дали сум подготвен да ги бранам националните интереси на државата, планирајте бланко дека сум на браникот на националните интереси, рече Мицкоски на 30-от роденден на УМС.

-Кога станува збор за националните прашања нема тема за која не сум дал кристално чист одговор. Било да е за името, преспанскиот договор, било да е за договорот со Бугарија, или уставот. ВМРО и јас со моите соработници заедно одевме по улиците, малаата, се бориме со пратениците и заедно со народот против секоја неправда. И ВМРО има избистрена слика за националните и стратешки интереси на Македонија како никој друг во државата. Ние сме Македонци со македонски јазик, идентитет и историја, со заслужено членство во НАТО и заслужуваме брзо членство во Европската Унија. И тука ја затвораме оваа дебата, а било кој има некаков сомнеж за било која битна тема во иднина,доколку треба да се заштитат интересите… Воопшто не ме прашувајте дали ќе се приклучи ВМРО, планирајте ми однапред бланко место на браникот на националните и државни интереси, затоа што тоа е нашата долност, рече Мицкоски.

Најнови вести