недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Со Фондацијата „Конрад Аденауер“ работиме на идните политики и пренесуваме искуства на членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Со Фондацијата „Конрад Аденауер“ работиме на идните политики и пренесуваме искуства на членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Членови на извршниот комитет на партијата, членови на останатите структури на ВМРО-ДПМНЕ заедно со фондацијата Конрад Аденауер овие два дена ќе разговараат за предизвиците кој што се пред нас после 12 април, ќе разговараат и за она што не очекува и пред 12 април, практично е поврзано со предизборната кампања, изборната кампања и така натаму, посочува Христијан Мицкоски.

-За политиките во иднина кои ВМРО-ДПМНЕ треба да ги рефлектира според современите текови на конзервативните центар десни политички партии, не само од национален карактер туку и сето она што е поврзано со тие центар десни конзервативни политики. Тука пред се мислам на економијата политиките од реалниот живот пред се тука мислам на политиките кои што подразбираат и поинаков пристап надвор од кутијата што би рекле, пристап на работите. Ценам дека ќе биде исклучително значајно ќе биде добро искуство за членовите на Извршниот комитет на партијата ова е дел од низата тренинзи кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ изминативе месеци и изминатава година и со фондацијата Конрад Аденауер но и со други фондации за нас ова е од исклучително значење големо искуство и се надеваме дека сето она што е извадено како заклучок ќе прерасне во политика на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, рече тој.

На новинарско прашање за мислење околу синоќешниот дуел, Мицкоски одговори: Не би било пристојно јас да давам оценка тоа го кажав и на дуелот ќе оставам граѓаните да судат едноставно се забавував кога зборував со господинот Зоран Заев.

Најнови вести