Најголема доверба граѓаните имаат во Христијан Мицкоски како политичар. Ова го покажува најновата анкета на ИПИС.
На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба“, дури 16,2 проценти се изјасниле дека тоа е Мицкоски, кој двојно го води Димитар Ковачевски, во кој пак веруваат само 8,7 проценти од испитаниците.
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 мај 2022 на 1111 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.