Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешниот брифинг за новинари, на новинарско прашање околу судските предмети „Талир 1“ и „Талир 2“ посочи дека се работи за тотално незаконски случаи, се со цел за да се замрзне имотот и ресурсите на ВМРО-ДПМНЕ. Намерата на СДСМ и Заев со ова, е да си овозможат дополнителна предност на локалните избори.
„Околу случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ ќе кажам само да го запомнете името на Митко Сандев. Тој е човекот кој што е судија поротник кој што ги исполнува условите да замине во пензија, но поради притисок од претпоставените тој не оди во пензија. Се со цел да се држи ВМРО-ДПМНЕ како дел од случаите “Талир 1” и “Талир 2” иако тие случаи се започнати 18 месеци по истекот на Законот за Специјалното јавно обвинителство. Целта е да се зароби имотот, да се заробат ресурсите на ВМРО-ДПМНЕ за да може на избори Зоран Заев и СДСМ наместо од стартно – целната рамнина да ја трчаат трката до 100 метра, да трчаат од 50-тиот метар“, изјави Мицкоски.
Така што, Митко Сандев рече тој, е човекот кој што денеска му служи како алатка на Судот, а директно и на Заев.
„Сандев е исто така дел од статутарната комисија на партијата на пензионери. Иако ги исполнува условите за пензија, тој седи спротивно на сите закони таму кај што седи за да практично му овозможи на СДСМ и Зоран Заев дополнителна предност на овие локални избори со што ќе ги држи активни предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. Да потсетам уште еднаш за овие предмети, незаконски спротивно од сите законски рокови е замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.