Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре на Денот на Македонската револуционерна организација ќе се сретне со граѓаните на Прилеп.
-Македонија се буди, Македонија бара промени! Граѓаните го креваат гласот против оваа одродена власт на СДСМ и Зоран Заев кои стануваат минато и ќе бидат сместени на темната страна од историјата на Република Македонија.
Ве поканувам сите, членови, симпатизери, граѓани, во среда на големиот државен празник 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна организација, со почеток од 11:30 часот на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, на заедничка средба со Претседателот на партијата, Г-дин Христијан Мицкоски.
Дојдете да разговарате лично со идниот премиер на Република Македонија и да дадете свој придонес, свои идеи за идната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Дојдете да ги кажете проблемите кои го тиштат вашето секојдневие.
Деспотот е на колена и веќе е поразен! Затоа приклучете се сите во Обновата на државата и во борбата за враќање на достоинството и посебноста на македонскиот народ, стои во постото на Фејсбук на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.