петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Власта води кампања за лажни стереотипи за патриоти, кога ќе прашаат што направивме ние, одговорт е се бориме

Мицкоски: Власта води кампања за лажни стереотипи за патриоти, кога ќе прашаат што направивме ние, одговорт е се бориме

Пред УМС на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, кажа дека власта води кампања за лажни стереотипи и лажни патриоти.

-Власта на Заев преку ограничување на слободата, диктирањетто на тези преку ваквите пара-аналитичари и со силно присуство и замешателство на државни полициски структури се создава лажен амбиент во кој бранењето на националите интереси треба да биде нешто што е погрешно. Нивната цел е кога ќе се каже зборот патриот или Македонија, секој оној кој тоа го збори да се оцрни дека е квази патриот кој брани некаков криминал. А не е така. Ваквите стереотипи на оцрнувања и лаги и лажни вести Власта ги прави за да ја деградира нашата борба, а на тој начин да го заштити нивниот криминал. Тие сакаат да мислите дека сите сме извалкани со истата кал. Постојано да сте разочарани од политичарите со девизата „сите се исти“. А не сме исти. Дури ни целото СДСМ не се исти, туку се заглавени и киднапирани од триесетина души, на чело со Вице, Зоки, Рада, Путерот и Оли. Е, затоа народот треба да биде високо свесен за лагите кои ги пласира и пропагандата на власта преку силен притисок за националните, општествените или економските прашања, за онаа вештачка дебата на власта изразена во она стандардно прашање: „А, вие што направивте? А, каде бевте кога Заев ја продаваше Македонија?“ Еве, ќе ви кажам: Се боревме и ќе продолжиме да се бориме. Ете тоа е одговорот, истакна Мицкоски.

Најнови вести