Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првата телевизија дебата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев што се емитуваше на телевизија 24 рече дека очекувал сериозна дебата со аргументи и факти.
-Знаете зошто не можеме да очекуваме ништо од Заев, затоа што тој ги вика лицата од правосудниот систем и им кажува што да прават. Многу е чудно вие да зборувате за чест. Вие зборувате за чест, а треба да зборувате за факти и со факти. Заев вие зборувате за чест, па јас мислев ова треба да биде сериозна дебата, ве гледаат луѓе, му рече Мицкоски на Заев.
Дебатата беше на сите актуелни теми од корупциските скандали во кои е Заев и лица од СДСМ за Луи Вутон обвинителството, трас-трас судството, како и за претојните реформи, нерешени случаи и слично.