среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицковски: Треба да си неписмен за да не можеш да одговориш на новинарско прашање

Мицковски: Треба да си неписмен за да не можеш да одговориш на новинарско прашање

„Треба да си многу бос, многу неспремен, да не можеш да дадеш аргументиран или барем остроумен одговор на просто и едноставно, а сепак есенцијално новинарско прашање,“  пишува на ФБ поранешниот шеф на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски.

„Наместо одговори за граѓаните кој, кога и како може да добие платежни картички од 6 плус 3.000 денари за купување на домашни производи и ваучери за туризам од 6.000 денари, министрите за финансии и економија, Ангеловска и Бектеши со напад кон новинарите – констатираа нетрпеливост и притисоци во прашањата дури и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања”, коментира Мицковски на ФБ.

Фејсбук статус на Ивор Мицковски

Најнови вести