Претседателот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, по ратификацијата на Преспанскиот договор во Парламентот во Грција изјави дека денешниот ден е тажен и тежок.
-Денеска е тежок и тажен ден за Грција, изјави Мицотакис.
Преспанскиот договор е усвоен во грчкиот Парламент со 153 гласа „за“, наспроти 146 гласа „против“.
Тој од почеток беше жесток критичар на Договорот од Преспа.