среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Михаилов: Апасиев мери со различен аршин во Гевгелија и Богданци

Михаилов: Апасиев мери со различен аршин во Гевгелија и Богданци

Левица во советот на општина Гевгелија НЕ гласаше за буџетот за 2023 год., а денес во Богданци каде градоначалник е од СДС, советникот од Левица гласаше ЗА и им обезбеди мнозинство на СДС за изгласување на буџетот за 2023 година, истакнува Кире Михаилов  од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:

Паѓаат во вода сите обвинувања од Левица кон СДС кои дефинитивно се обичен театар за глумење опозиција пред гласачите.

“Идеологијата” на Апасиев полека ги става неговите советници и функционери во пат позиција, позиција од која тие директно ќе бидат на удар на јавноста за да може тој да го реализира пазарот како специјалист за висока и шарена политика.

Истава приказна се повторува и во Скопје, Кочани, Велес и секаде каде тие имаат советници, а најизразено е таму каде нивниот глас е одлучувачки и таму имаат секако добиено раководни места за своите членови од централната власт на СДС и ДУИ, а онаму каде СДС има свои градоначалници имаат раководни позиции на локално ниво!

По се изгледа, добро познатата реплика на Зоран Заев кон Димитар Апасиев – “ние Ве створивме и Ви даваме пари за да и земате гласови на опозицијата” која ја кажа во собрание е повеќе од вистинита!

Најнови вести