понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Михајловски: Во судовите има луѓе како во Универзална сала, бараме да се одржуваат само итните предмети

Михајловски: Во судовите има луѓе како во Универзална сала, бараме да се одржуваат само итните предмети

Во пресрет на одлуклата на Судски совет за тоа кои судења ќе се одржуваат а кои ќе се одлагаат, како дел од мерките за превенција, претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски, предупреди дека низ судниците во цела држава дневно се одржуваат по неколку 1000 рочишта и претставуваат потенцијални места каде може да се шири короната, пренесува Телма.

Дополнитлно како адвокати комуницираме со притворени и затворнеи лица и би било катастрофа ако во затворите се прошири вирусот, истакнува Михајловски.

Тој потсети дека Адвокатската комора викендот испрати писма до сите надлежни со барање да се одржуваат само итните предмети. Вели како адвокати ќе ги почитуваат одлуките и насоките што ќе ги донесат Судски совет и Врховен суд.

-Само вчера во Граѓански суд во рок од два саати вчера имаше само 600 луге, како цела Универзална сала да ја донесете. Ова не го бараме само поради адвокатите туку поради сите и граѓани, изјави Михајловски.

Најнови вести