среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Михајловски: Зоран Заев е пред се психички нестабилен човек, а потоа и најголемиот предавник на Македонија

Михајловски: Зоран Заев е пред се психички нестабилен човек, а потоа и најголемиот предавник на Македонија

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа, гостуваше еден од најпознатите актери во Република Македонија и поранешен член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски кој зборуваше за лошите и погубни политики на власта, како и за штетниот договор со Р. Бугарија.

Михајловски вели дека психопатолошката елита на власт во Македонија, владее само поради тоа што цело време наоѓа нови моменти како да го повреди македонскиот народ, а истовремено да му се заканува низа реперкусии. Според него Македонците се повредени, навредени и покрај материјално, душевно ограбени. Македонците се граѓани од втор или трет ред во Република Македонија, а за сето тоа главен виновник е Зоран Заев, вели Михајловски.

-Зоран Заев е лабилен човек. Тој едно зборува, друго мисли, трето ветува, четврто исполнува. Се работи за хаотичен човек без образ. Човекот нема проблем да лаже, иако дури и на малите деца им е незгодно да излажат повеќе од еднаш. Тој лаже каде што ќе стигне, распродава се што може да се распродаде и сето тоа може да го направи со само едно ставање на раката на срцето, додаде Михајловски.

Михајловски додава дека Зоран Заев рецетираше за жицата и семето, додека во исто време распродаваше национален идентитет, поточно го продаваше името на Република Македонија.

-Иако народот беше против промена на уставното име и истото го докажа на референдумот, кој патем беше неуспешен, сепак Заев се дрзна да промени нешто што никој не смееше ниту да помисли да го промени. За сето тоа мора да следи казна, дебела казна, заврши Михајловски.

Најнови вести