Прво и основно ако одиме по соопштението од кабинетот на претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов, воопшто ниту имало средба која што била во насока на било каков разговор за амнестија, уште помалку тоа било со некаков си посредник на господинот Миле Јанакиевски или Кирил Божиновски, ова во вечера во емисијата „Отворено на Алфа“ го истакна адвокатот Еленко Миланов.
-Ако го следиме тоа соопштение не се спори, што не го спори ниту Миле Јанакиевски дека тој остварил средба со претседателот на државата, но во врска со актуелната политичка ситуација во државата, а не за некаква амнестија. Правно е многу погрешно да воопшто тоа што стои во службената белешка да се бара амнестија, затоа што амнестија дава собранието, не претседателот, тој и не е надлежен да дава амнестија, тој може да даде аболиција. Аболицијата за конкретниот случај „Титаник“ е дадена уште во април, мај 2016 година, што значи тоа е право кое веќе е стекнато и што има сега повторно да бара во таа насока, а дури и да постави ново барање за аболиција, тоа не укажува на бекство, вели Миланов.