Сведокот Оливер Спасовски потврди два факти, тоа се дека на координаци не постоела апсолутно никаква согласност на примена на член 78 став 2 како што тој сметал дека треба да се примени и уште поважно со оглед дека е пратеник од 2006 од таа година никогаш не била прекината точката во момент кога има пријавени кандидати за да понатаму може да продолжи по наредна точка или по друга седница, ова денеска пред судот го истакна адвокатот Еленко Миланов во врска со сведочењето на Оливер Спасовски за случајот „27 април“.
-Она постапување на Трајко Вељановски е сосема деловнички и правилно е постапено, вели Миланов.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ беше партија како и многу други кои ги поддржуваа овие протести, но тие не ги организираа.