Адвокатот Еленко Миланов говорејќи за случајот Талир во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија истакна дека судот и републичкиот судски совет преку игра на зборови се обидуваат да задржат судија поротник чиј мандат е завршен, и спротивно Законот за судови го чуваат, само тој предмет да опстои.
-Согласно Законот за судови вели се бираат поротници на рок од 4 години и може да бидат избрани до 60 години и можат да обавуваат функција до 60 години. Зошто би се бирале поротници на 58 или 59, но законот е јасен дека функцијата треба да му престане на 60. Но, да се донесе и таков заклучок тоа може да биде сторено по негово барање или на претседателот на судот. Во соопштението на републичкиот судски совет од 7 јуни стои дека е донесен заклучок со кој е престанат мандат на судија во основен кривичен суд истиот каде што се наоѓа и овој поротник, поради наполнување на старосната граница. Зошто тоа важи и е побарано за едниот, а не и за другиот поротник тоа надлежност на претседателот и самиот судски совет, изјави Миланов.
Миланов потенцира дека требало многу порано да мислат и да планираат дека на овој судија поротник ќе му заврши мандатот, но и дека постојат резерви на судии поротници, а само во овој случај нема.
-Соопштението на основен кривичен суд во текот на вчерашниот ден, претставник на политичката партија го истакна тоа јавно во судница дека не може да биде тој судија поротник и дека не сака да учествува во постапка додека има поротник кој не може да ја обавува таа функција после 60 години и ја напушти седницата. Судот имаше соопштение каде велат дека републичкиот судски совет е известен. Зошто го известиле ако не побарале да биде разрешен. Користат игра на зборови и се обидуваат на тој начин да опстојува тој судија поротник. Ако го гледаме законот за судови има проблем со понатамошното опстојување на овој судија поротник и тоа мора да го решат, нагласи Миланов.