Адвокатот на Јордан Камчев, Еленко Миланов по завршувањето на судењето за случајот „Плацови на Водно“ изјави дека наводните трансакции кои ги направил обвинетиот Камчев се неосновани, бидејќи трансакции, без економско вештачење не може да се користат во процесот.
Тој истакна дека Камчев не е во добра здравствената состојба и дека како одбрана имаат доставено обемна медицинска документација.
– Сакам уште еднаш да упатам апел до сите институции дека здравствената состојба на Камчев, за која доставивме обемна медицинска документација, од четири институции и од безмалку сите кардиоваскуларни стручњаци во Р.М. укажуваат на голем ризик од условите во кој се наоѓа може да има страшен ризик по неговото здравје, додаде Миланов.