среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Миле Јовановски: Ме правите криминалец на 60 години

Миле Јовановски: Ме правите криминалец на 60 години

Во Кривичниот суд денеска започна судењето за предметот познат како „Меѓународен сојуз“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и екс пратеничката Фросина Ременски.

На прашањето дали разбира за што е обвинет, таткото на Бојан Јовановски, Миле направи мало „шоу“ во судницата.

-Не разбирам, ништо не е точно, ме правите криминалец на 60 години, рече Јовановски.

Судијката му посочи дека не треба да коментира, туку треба да одговори со да или со не, по што Јовановски рече дека го разбира, но дека не чувствува вина.

Потоа Миле Јовановски бараше да објасни, но судијата му рече дека во текот на судењето ќе има можност да даде образложение.

Најнови вести