сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Миленковски: Состојбите во македонското образование се многу лоши и поразителни

Миленковски: Состојбите во македонското образование се многу лоши и поразителни

Во денешната емисија на телевизија Алфа „Што не е јасно“ гостуваше Аце Миленковски – ректор на универзитетот за туризам и менаџмент кој кажа дека состојбите во македонското образование се многу лоши и поразителни.

Миленковски истакна дека ваквата лоша состојба е присутна во основното, средното и во високото образование.

Тој истакна дека резултатите од ПИСА тестирањето покажуваат во суштина колку е македонскиот образовен систем раздробен.

-Пред се, дали сакате да почнете од високото образование или да почнеме со основното образование преку средното пак ќе дојдеме до високот. Резултатите кои што се извлекоа во јавноста преку ПИСА тестирањето ни покажуваат во суштина колку е македонскиот образовен систем раздробен и искршен, потенцираше Миленковски.

Миленковски кажа дека состојбата во образованието во државата е донесено на просјачки стап.

Најнови вести