петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милетиќ: Прашања до Груевски, соработник на СДСМ и ДУИ

Милетиќ: Прашања до Груевски, соработник на СДСМ и ДУИ

Претседателот на Српската Напредна Странка во Македонија (СНСМ) Драгиша Милетиќ со отворено писмо се обрати до поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме отвореното писмо на Милетиќ до Груевски:

Активирањето на Никола Груевски, по молба или барање на актуелната власт во Македонија, да бидам искрен, за мене беше изненадување. А мислев дека Груевски е верен на идеите на ВМРО и на Македонија.

Затоа бев испровоциран да поставам неколу прашања:

– Дали Никола Груевски, во договор со Зоран Заев, а со амин на една странска амбасада избега во Унгарија, и знаеше дека ги остава своите верните соборци да минуваат низ голготата во затворите во земјава?

– Дали при договорот за неговото бегство е заклучено дека може да и биде корисен на оваа СДСМ/ДУИ Влада во одредени процеси? Каква „случајност“!

– Дали Г-дин Груевски контактирал со еден пратеник од Македонското собрание, а кој има телефон со српски број и дали разговорот бил во насока да се утврди какво е расположението и условите за дел од пратениците на ВМРО кои би гласале за промени на уставот и влез на Бугарите во уставот? Каква „случајност“!

– Дали нападите на активниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Г-дин Мицковски се класичен обид да се подели ВМРО-ДПМНЕ во корист на СДСМ и ДУИ, а да и наштети на македонската држава?

За жал, наводно добро обмислениот план наиде на жесток отпор кај македонските граѓании и кај пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Уште поинтересно е тоа што кај добар дел од членовите на СДСМ, а кои го сакаат својот македонски народ и држава се сложуваат со ставот на лидерот на опозицијата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Г-дин Мицковски. На Груевски му останаа верни само оние кои зграбија милиони евра.

За крај, запомнете дека никогаш не треба да го уништувате гнездото каде што сте се испилиле!

Драгиша Милетиќ

Најнови вести