недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милевски: Претседателот на синдикатот на РЕК Битола, Менде Фидановски од РЕК земал еден милион евра тендери

Милевски: Претседателот на синдикатот на РЕК Битола, Менде Фидановски од РЕК земал еден милион евра тендери

РЕК Битола тоне во хаварии, РЕК Битола тоне во скандали со Бате Вице, тоне во долгови, но се уште е златна кокошка за послушниците на режимот, ова денеска преку прес-конференција го истакна Пеце Милески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Веднаш по преземањето на власта, режимот удри по синдикалната организација во енергетскиот сектор. Во 2017 година, со упад во синдикалното организирање, режимот формира нов синдикатот во ЕЛЕМ, а за претседател беше назначен Менде Фидановски, вработен во РЕК Битола. Но, освен во РЕК Битола, Менде Фидановски има и приватна семејна компанија, КОМПАКТ МСФ од Битола. Семејната компанија на Менде Сидикалецот само оваа 2021 година има земено 9 тендери на РЕК Битола, каде што Менде работи, со над 378 илјади евра или над 23 милиони денари. Лани, 2020 година, семејната фирма на Менде Синдикалецот има добиено 11 тендери, со над 616 илјади евра, или над 38 милиони денари. Значи, само лани и оваа пола година, Менде Синдикалецот од РЕК Битола во својата компанија инкасирал без малку еден милион евра, вели Милески.

Тој додава дека оли можеме да броиме во годините откако стана прв синдикалец, Менде синдикалецот, му процветува приватниот бизнис, а фирмата е редовен добитник на тендерите на РЕК Битола.

-И тука доаѓаме до главниот проблем, дали нема судир на интереси? За што Менде Фидановски е заинтересиран повеќе за тендерите или за синдикалното организирање во ЕЛЕМ вклучително и во РЕК Битола кое што тоне во долгови? Дали Фидановски е продолжена рака на режимот во РЕК Битола, златната кокошка за членовите на режимот, дали затоа Менде Фидановски молчи по скандалот за 250.000 евра рекет поврзан со работата и раководењето во загубарот РЕК Битола? Дали заради тендерите од еден милион евра за неполни две години Фидановски не реагира за уништувањето на РЕК Битола и најавите на нејзино затворање? Почитувани, ова е уште еден од скандалите поврзани со урнисувањето на електроеергетскиот систем, ова е уште еден скандал со насилното режимско владеење, ова е уште еден скандал за злоупотребите на моќта. Синдикален лидер наплатил за една ипол година еден милион евра од загубарот РЕК Битола! Ова е незамисливо и затоа Македонија ќе продолжи да тоне на негативните светски листи, истакнува Милески.

Најнови вести