среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милошески: Сега да гласаме за да имаме подобро утре, за да излеземе од тунелот, од темницата во која сме затоа што јас го гледам светлото

Милошески: Сега да гласаме за да имаме подобро утре, за да излеземе од тунелот, од темницата во која сме затоа што јас го гледам светлото

30 години се многу малку за една држава, но многу се за нас, затоа што почнувавме да ја правиме државата, а се организираше и ВМРО-ДПМНЕ, рече првиот градоначалник на општина Битола, Златко Милошески на настанот организиран од ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „30 години се грижиме за Македонија“ што се оджува во Битола.

Милошески се осврна на приликите на почетокот на деведесеттите години.

„На крајот на минатиот век бевме млади, неискусни, ни се случуваа промени, многу брзо ни се случуваа промени во тогашната држава, течеа настаните како на филмска лента, се донесе закон за плурализам и тогаш се формираше ВМРО-ДПМНЕ. Имаше ентузијазам да направиме држава, самостојна Македонија и тоа се случи“, рече првиот градоначалник на општина Битола, Милошески.

Милошески се осврна на приликите во Битола и локалните избори во тоа време кое беше неизвесно и со многу нејаснотии.

Првиот градоначалник на Битола говореше и за постигнувањата, и за пратениците од Битола во Собранието на Република Македонија и нивниот придонес во тоа време. Милошески реше дека тогаш имало успех и посака истиот да се повтори сега годинава.

„Овој пат сега да се повтори успехот од 1991 година кога се формираше парламентот. Од Битола имавме 5 пратеници сите тие дадоа придонес и го изгласаа референдумот, го изгласаа Уставот, ги ставија темелите на Македонија“, рече Милошески кој говореше и за промените кои се случија во меѓувреме.

„За жал некои работи се сменија, се смени Уставот. Затоа сега да гласаме за да имаме подобро утре, за да излеземе од тунелот, сега сме во темница, а јас го гледам светлото вие ќе направите подобро утре“, заклучи Милошески.

Најнови вести