Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Атнонијо Милошоски преку статус на Фејсбук пишува дека Билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ.
-📌 Ова е извадок од предлог преговарачката рамка на ЕУ, во која има сериозни влошувања наметнати како дополнителни услови за Македонија:
1. Билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ, заедно со записниците на заедничката историска комисија кои ќе треба да се преточат во опипливи резултати.
2. На Македонија И се отвара уште едно малцинско прашање (читај повторно отварање на Уставот) кое ќе биде нов услов, од кој ќе зависи кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција.
3. Процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане составен дел од Преговарачката рамка со ЕУ и преку него ќе се вметнуваат нови барања и услови поврзани со Рамковната Декларација на Бугарија од 2019 година .
📌 Ковачевски, иако тврди дека не бил во тек со преговорите, овој текст го имал на увид уште пред неколку недели, но со министрите Бујар Османи и Маричиќ не успеале да го заштитат основниот принцип за кој се залагаа многу пријатели членки на ЕУ, и кој И одговара на Македонија, а тоа е билатералните договори да не стануваат дел од рамката за преговори, стои во неговиот пост на Фејсбук.