„Би требало основната абецеда да ја почитува првиот човек во Собранието најмногу од сите. И не мора ниту комисија да има за етички кодекс или за било какви санкции. Тој после ваков инцидент ќе беше многу демократски ако си поднесеше оставка, тоа не е крај на светот. Ако коалицијата им функционира СДСМ п- ДУИ ќе избереа друг претседател на Парламентоти ќе продолжеа понатаму. Но, очигледно е дека меѓу СДСМ и ДУИ има еден договор за солидарност кога некој на ваков начин ќе направи груб прекршок“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на 24 телевизија.
Милошоски додаде декаоднесувањето на Талат Џафери само укажа дека активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ е успешна. Во текот на емисијата Милошоски додаде дека Ковачевски не одлучува сам, туку со некои други, а за тоа најдобар пример е кога на почетокот од негиот мандат рече ќе оствари средба со Мицкоски, но таа никогаш не се случи потоа.
„Зошто јас мислам дека Ковачевски не одлучува сам за се? Одлучува можеби заедно со некои други. Заради неговата изјава кога стана премиер дека ќе оствари средба со лидерот на опозицијата, и потоа таа никогаш не се случи“, рече Милошоски.
Милошоски посочи дека темата за предвремени парламентарни избори е легитимна тема, и на таа тема треба да се говори посебно на лидерска средба.