Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил сподели статус во кои тврди дека лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно.
-Лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно!
СЈО го крие боледувањето! Но, јавноста има право да знае од каде е земено боледувањето, кој лекар го има дадено и за која болест? Специјалната обвинителка е државен функционер скапо платен со даночни пари од граѓаните и јавноста има право да знае за нејзината здравствена состојба (не мора ситници и дискретни прегледи, туку податоци за општата здравствена состојба). Исто би било, јавноста има право да знае, и во случај на ненадејно боледување на Претседател, премиер, министер, градоначалник и слично, стои во неговиот пост на Фејсбук.