Пратеникот Антонио Милошоски денеска од девет часот е на средба со шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска.
Средбата со обвинителката е на иницијатива на Милошоски откако тој минатата недела во Собранието објави снимени разговор помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и други лица во кој што се разговара за тоа како се финансирала телевизијата на Бојан Јовановски, кој е првообвинител во предметот „Рекет“.
Милошоски тврди дека снимката му е доставена од лице укажувач.