вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Нарко кланот Заеви направил зделка со марихуана вредна 85 милиони долари, Македонија станува трговска нарко база

Милошоски: Нарко кланот Заеви направил зделка со марихуана вредна 85 милиони долари, Македонија станува трговска нарко база

Македонија станува трговска нарко-база на Балканот, пишува на Фејсбук Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера е објавена вест за голема зделка со марихуана вредна околу 85.000.000$, меѓу Лесото и Македонија.

-Лесото е мала, корумпирана, сиромашна земја во јужна Африка, чија влада ги контролира плантажите со канабис. Лесото не е членка на ЕУ, но овој бизнис носи толку многу “суви” пари за фамилијата на власт што ја објаснува намерата на Заев и Филипче да предложат Закон за увоз-извоз на (опојна дрога) сува марихуана со ЕУ знаменце. На владата и е побитно да тргува со опојна дрога за профит на мала група функционери, наместо да создаде услови за странски и домашни модерни инвестиции за развој на економијата, пишува Милошоски.

Најнови вести