среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски од Долнени: Глигороски ќе биде идниот градоначалник, СДСМ и ДУИ заминуваат во историјата тие направија најмногу штета досега

Милошоски од Долнени: Глигороски ќе биде идниот градоначалник, СДСМ и ДУИ заминуваат во историјата тие направија најмногу штета досега

„За кандидат за градоначалник на Долнени беше посочен Ладо Глигороски, како човек кој што може да обедини, како човек што може да победи и како човек што ги цени и маката, и трудот и проблемите на луѓето со кои што живее заедно од своето детство па до денеска“, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Долнени.

Милошоски додаде дека прв по бројот на гласови во општина Долнени ќе биде Ладо Глигороски, за тоа што  луѓето што го познаваат знаат дека таа доверба ја заслужил и дека поддршката за Глигороски ќе биде возвратена.

„Втора работам луѓето веќе гледаат, поминаа 4-5 години откако СДСМ и ДУИ се на власт. И можеби имаше луѓе што изминативе 5,6,7 години наназад се надевале или очекувале подобро. Но, во изминативе 5 години многумина посведочија дека сите грешки да ги собереме на купче од изминативе 25 години сите заедно грешки не се толку големи колку што е згрешено во изминативе 4-5 години од СДСМ и од ДУИ“, нагласи Милошоски.

Милошоски посочи дека СДСМ и ДУИ погрешија во сите сфери и тоа образование, катастар, безбедност, економија итн. СДСМ и ДУИ изминативе години покажаа колку се неспособни.

„Она што гледаме во последно време е едно за жал од нивна страна и во тој дел нечесно, меѓусебно обвинување. Сега се обвинуваат, кандидатот на СДСМ за Долнени и кандидатот на ДУИ за Долнени се обвинуваат кој е поголем манипулатор, кој е поголем крадец, кој има повеќе корупција, кој прави повеќе башибозук, кој повеќе излажал, и кој кого повеќе оштетил“, рече Милошоски.

Милошоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ има една порака, ни ДУИ, ни СДСМ, ни нивниот, а ниту пак другиот кандидат никој не заслужил доверба бидејќи нивната неспособност ја платија најмногу сите граѓани на Долнени.

Најнови вести