Граѓаните се прилично незадоволни од лагите на актуелниот градоначалник на Ресен, ошаревски од кого што повеќе лаже само премиерот Заев и сметам дека е време на овие лаги да им се даде заслужената казна, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Tука од Ресен, од Јанковец, сакам да испратам една порака. Mногу сме задоволни од победата на нашата листа на советници во општина Ресен, сметаме дека ќе биде клучна во креирањето на новото мнозинство во Советот.
Имаме млад, способен човек, спремен со проекти и добар тим, Тозиевски кој што може Ресен реално да го води напред и да води проекти кои што ќе бидат од интерес за сите граѓани.
Затоа ги повикуваме на 31-ви октомври да му дадат шанса и да дозволат Ресен да направи чекор напред после овие четири години застој“- истакна тој.