Имаме една ситуација во која што самата влада забележува дека проектот Отворен Балкан е повеќе би рекол рекламна парола, отколку реална придобивка. Пред некој ден имавме дури и објава од министерот за сообраќај и урбанизам на соседна Србија кој што дошол кај својот колега во Македонија на свадба и чекал повеќе од неколку часа на самата граница и кажа дека Отворен Балкан не функционира онака како што е замислено. И сега владата за да ги избегне тие критики се обидува да најде изговор најчесто кај опозицијата, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа, отфрлајќи ги обвинувањата од страна на СДСМ дека поради незакажување на комисијата за надворешни политики влијае врз Отворен Балкан.
Милошоски објасни дека СДСМ и ДУИ го имаат мнозинството во комисијата и доколку навистина Отворен Балкан им е приоритет тогаш има начин или претседателот на Собранието Талат Џафери да ја свика комисијата, или пак една третина од членовите на комисијата да побараат свикување со точки на дневен ред, при што тогаш претседателот на комисијата е должен истата да ја свика, но како што рече тој власта ова го користи само за дневни препирки се со цел да се дефокусира јавноста од економскиот неуспех и слабата македонска економија.
Јас проверив и од тоа што можев да го забележам од официјалните сајтови дека во Србија тие се ратификувани тие договори, во Албанскиот парламент се уште не се и штом бидат ратификувани, ќе ги ратификувани и во македонското собрание. Но дека власта бара изговори, а не ги користи механизмите доколку нешто е приоритет говори и самото нивно однесување, доколку претседател на работно тело не закажува одредена комисија за одреден материјал за кој што власта или владејачкото мнозинство сметаат дека е приоритет, тогаш претседателот на Собранието може да ја закажи таа комисија и да го стави материјалот на разгледување и усвојување. Значи Талат Џафери ако смета дека Отворен Балкан е приоритет и ратификацијата на еден или два документи ќе смени нешто драматично во Македонија и дека ќе ја подобри економската состојба, може да свика комисија настрана од свикувањето од било кој претседател на тоа работно тело и да ги помине тие документи, вели Милошоски.
Има и друга исто опција може една третина од членовите на комисијата за надворешна политика каде што СДСМ и ДУИ имаат мнозинство, може да побараат писмено свикување на седницата со точки на дневен ред и да ги наведат тие информации и тогаш претседателот на комисијата е должен да ја свика. Но, СДСМ и ДУИ не го прават тоа. Нив им треба само одредена тема која што би се користела за дневни препирки и која што би се користела како покритие домашниот економски неуспех и слабоста на македонската економија во споредба со Албанија и Србија да ја покријат со некакви влијанија од некој други актери, иако сметам дека владата е најодговорна, изјави тој.