Средствата за изборите најдобро ќе беше да се пренаменат за потребите на болницата и пациентите во Штип, бидејќи Штип е град со највисока кумулативна инциденца (значи највисока стапка на зараза) и трет на листата по стапката на смртност од Ковид-19, реагира пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Штип со лоша епидемиолошка слика!
Дали Пендаровски, Заев и Филипче, на Советот за безбедност обрнале внимание што се случува во Штип, град со највисока кумулативна инциденца (значи највисока стапка на зараза) и трет на листата по стапката на смртност од Ковид19?
Што е поважно, здравјето на граѓаните или изборите? Или ќе беше најдобро средствата за изборите да се пренаменат за потребите на болницата и пациентите во Штип…, пишува Милошоски во својата објава.