Откако е ДУИ на власт и Али Ахмети повеќе Албанци и моја генерација со која што сум учел се иселени од Кичево, од било кога претходно. Зошто? Затоа што не гледаат перспектива, можеби некој успеал да се вработи во државна инстититуција преку клиентелизам и тоа да му значи некако приход, но генерално политиката која што ДУИ ја води само ги полни автобусите во Кичево, Скопје, Куманово и на други места, на дипломирани лекари, на архитекти, сметководители кои што заминуваат во Германија, Словенија, Америка и во други места, смета членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Антонијо Милошоски во гостување на телевизија Шења.
На прашањето дали смета дека ДУИ води политика на националисти Милошоски вели дека тоа не поминува веќе, иако ДУИ се обидува да го наметне, додавајќи дека вистинсак тема е дали граѓаните кои гласале за ДУИ имаат подобар животен стандард.
Мислам дека тоа не поминува веќе, иако ДУИ се обидува да го наметне. Мислам дека би сакале тоа да стане тема, но за нас поголема и побитна тема е како тој што гласал за ДУИ во изминатите 10 години, а живее во Скопје, или живее во Струга, дали живее подобро од Крешник Бектеши во изминатите 10 години, вели тој.
Јас сум сигурен дека просечниот гласач на ДУИ изминатите 10 години му се намалува животниот стандард додека на Бујар Осамни, Крешник Бектеши и Фатмир Дехари од Кичево им се зголемува животниот стандард, доде Милиошоски.