понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Премногу е од оваа неспособна власт, потребни се избори за народот да одбере поспособни луѓе

Милошоски: Премногу е од оваа неспособна власт, потребни се избори за народот да одбере поспособни луѓе

„Причината за протестот е едноставна, премногу е од оваа неспособна власт затоа што направија економска катастрофа во целата држава. Гледаме дека сега и со францускиот предлог со Бугарија прават дополнителни национални понижувања. Гледаме дека по однос на инфлацијата сме најлоши во регионот, нема странски инвестиции, нема ред во образованието, нема задоволни земјоделци, пензионерите се на раб на преживување од месец за месец и сметам дека најдобро е за државата оваа власт да прифати да одиме на избори и народот да одлучи и да одбере поспособни луѓе кои што во вакви времиња можат да направат нешто подобро за државата“, ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во влкучување во вестите на Алсат запрашан за причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ го организира денешниот протест.

Запрашан за тоа кои се следните чекори кои ќе ги превземе ВМРО-ДПМНЕ после активната блокада во Собранието и денешниот протест, Милошоски истакна дека активната блокада во Собранието ги дала очекуваните резултати и со истата ќе се продолжи и понатаму, но во наредниот период ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа што ќе биде активно во Собранието ќе биде активно и во секое населено место сѐ додека власта не прифати предвремени избори бидејќи тоа е желба на граѓаните.

„Задоволни сме од активната блокада во Собранието и сметаме дека има ефект. Спречивме неколку штетни закони кои сакаа СДСМ и ДУИ да ги донесат како тој за легализација на трговија со лесни дроги и како тој за втора лотарија која што некои функционери на ДУИ ја туркаа таа тема и некои други штетни закони. Сега го правиме овој протест и после протестот ќе продолжиме со ваков граѓански активизам. Остануваме на активната блокада на Собранието, но во текот на овој период нема да бидеме активни само во Собранието, туку ќе бидеме активни во секоја општина, во секое населено место и ќе продолжиме со ваквиот притисок сѐ до оној момент додека не предизвикаме предвремени парламентарни избори бидејќи тоа е желба на две третини од граѓаните на Македонија. Според сите анкети, две третини од граѓаните на целата држава сметаат дека власта е неспособна, дека државата ја движи во погрешна насока и дека животниот стандард е тешко погоден и сѐ потешко се живее без разлика од кој град сте, од која националност или од која политичка определба“, потенцираше Милошоски.

Тој додаде дека премиерот Ковачевски и министрите околу него не се расположени за предвремени избори затоа што знаат дека многу ќе изгубат, но ако се убедени во тоа што до тврдат дека направиле добри проекти за државата треба да прифатат избори и народот да процени дали истите се добри и кој е подобар.

„Јас гледам дека премиерот Ковачевски и неколку министри околу него не се расположени за да има предвремени избори затоа што тие се свесни дека многу би изгубиле на тие избори и дека СДСМ ќе биде многу поразена. Знаат дека недовербата на граѓаните е многу голема. Од друга страна самата влада, министри на СДСМ и ДУИ тврдат дека направиле добри чекори за државата добри потези, добри проекти и тоа е еден аргумент плус. Ако власта смета дека е направено нешто добро во било која област, култура земјоделие, образование, катастар, странски инвестиции, медиуми или нешто слично, нека повелат на избори и тоа што го направиле нека го престават дали е добро или кој е подобар“, додаде Милошоски.

Најнови вести