Темаат за владина одговорност за поразот на локалните избори ја наметна самиот премиер Зоран Заев, кој на денот на изборите за поразите во скопските општини, наместо кандидатите, лично тој со неколку министри во Владата одржа прес конференција, смета пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Тој во емисијата „360 степени“ истакна дека сигнали за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доаѓаат од пратеници во македонското Собрание, кои се припадници на помалите политички партии но кои се дел од владиното мнозинство, кои први се јавија да му честитата на ВМРО-ДПМНЕ за овојувањето на 22 општини уште во првиот круг.
„Првите честитки за победата во 22 општини и во пет скопски општини од страна на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дојдоа токму од пратеници од Собранието кое што припаѓаат на помалите потитички партии кои се дел од власта. Тоа е сепак некаков сигнал. Не би одел со имиња, но се гледа дека кај добар дел од нив постои желба за одржување сериозна и дискретна комуникација која што ја имаме во овој период. И сметам дека доколку трендот на ваквите победи од страна на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата Алијанса и Алтернатива, продолжи и се рефлектира и во вториот изборен круг, тогаш според мене тоа ќе се одрази и на легитимитетот на самамата Влада. Затоа што, како што видовте на самиот ден на изборите прес конференција за поразите во Скопје не оддржаа кандидатите за градоначалници на СДСМ или господинот Шилегов, како актуелен градоначалник, туку одржа лично премиерот Заев со 5-6 свои министри, што значи дека тој на сцена ја извади владата како губитник или добитник од овие избори. И затоа мислам дека самиот Заев наметна таква тема на политичка одговорност на владино ниво“, рече Милошоски.
Тој истакна дека коалиционата соработка со албанската опозиција е многу добра и дека истата ќе продолжи и во вториот изборен од локалните избори. Во обаа прилика, Милошоски ја искористи и можноста јавно да им се заблагодари на за поддршката.
„Нашата коалициона соработка со Алијанса и со Алтернатива можам да ја оценам како многу добра. Задоволни сме и од она што го договоривме како принципи на соработка и поддршка во одредени општини за взаемна помош и таа ќе продолжи и во вториот изборен круг. Би сакал да ја искористам приликата и јавно да се заблагодарам што таа соработка во општините како Бутел, Јагуновце, Сопиште и во други општини. Освен гласовите на Македонците, симпатизерите на Алијанса-Алтернатива, исто така во добар дел и припадници на бошњачката и турската заедница придонесоа да имаме убедливи победи во Јагуновце, Бутел, во Сопоште и во Петровец. И сметам дека на истиот начин ќе возвратиме секаде каде што може да се помогне во општините како Дебар, Струга, Гостивар, Чаир, Теарце и секаде каде што ВМРО-ДПМНЕ може да им помогне на кандидатите на Алијанса и Алтернатива. Ќе го направиме тоа на најсоодветен можен начин затоа што сметам дека и сите граѓани, без разлика на политичка или етничка припадност, забележуваат спрема резултатите од првиот изборен круг, дека е дојдено време за промени. Се чуствува таа тенденција и се надеваме дека ќе продолжи и во иднина“, порача Милошоски.
Тој се осврна и за трагедија која неодамна се случи во модуларната болница во Тетово, при што додаде дека според него тој е еден од посвежите настани кои остави лузни во општеството, но за кој актуелната политичка елита е подготвена да го заташка случајот со цел никој да не сноси политичка одговорност за 14 згаснати животи.
„Еден од посвежите настани кои што остави, според мене, големи лузни во општеството, не зборам на етничка основа туку на политичка одговорност или неодговорност, беше случајот со модуларната болница во Тетово. Гледаме дека актуелната владеачка политичка елита е спремна дури и таков случај да го заташка само за да не излезе на површина кој политички е одговорен за таква една трагедија која што однесе 14 животи“, заклуши Милошоски.