Денес Антонијо Милошоски по посетата на фабрика „Joopone“ во индустриска зона Каласлари во врска со вакцините одговори на медиумите дека сите македонски граѓани се благодарни на донацијата на Република Србија, но овој чин не ја покрива неспособноста на Заев и Филипче што не можат да обезбедат вакцините за македонското население.
-Го видовме вчерашниот настан на Табановци и јас би дал еден краток коментар дека вчера на Табановце видовме претставници на една способна влада и способна држава која за своите граѓани обезбедила милион вакцини тоа е Република Србија, и претставници на една неспособна влада од нашата држава за жал, која што моли за 4.600 вакцини. Благодарни сме за таа донација во секој случај но тоа не ја покрива неспособноста на Заев и Филипче. Сметаме дека таквиот однос да се проси за вакцини, наместо истите да се обезбеделе пред 3, 4 или 5 месеци покажува дека оваа влада, провизиите и се поголем приоритет отколку здравјето на граѓаните, појасни Милошоски.
Милошоски додаде дека вакцинација заслужуваат не само еден дел на медицински лица, туку сите медицински сестри и лекари, вклучително и матичните лекари кои што се на линијата на фронтот со секој пациент. Не може да се изостават матичните лекари како дел од системот.