недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Само со ДУИ во опозиција ќе можат да се испорачаат сериозни правосудни реформи по изборите

Милошоски: Само со ДУИ во опозиција ќе можат да се испорачаат сериозни правосудни реформи по изборите

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во радио Лидер објасни зошто ВМРО-ДПМНЕ смета дека влада без ДУИ би било добро за државата, за народот, за институциите и за самото ДУИ. Имено Милошоски укажа дека следно суштинско прашање коа треба да го исполни Македонија е владеење на правото и ефикасност на правосудните институции.

-Зошто ние сметаме дека влада без ДУИ пред или после избори би била добра за државата, за граѓаните, за самото ДУИ и за сите институции, затоа што без разлика на барањето од Бугарија кој што порано или покасно ќе станат предмет на некаков политички или државен менаџмент во Македонија. Ние генерално ако ги прашате земјите членки на ЕУ кој е освен ова прашање со Бугарија, суштинското прашање кое што Македонија ќе мора да го адресира, сите меѓународни соговорници викаат тоа е владеење на правото и ефикасни правосудни институции, после овој хаос кој што го забележуваат во републички судски совет, во Апелација во Советот на јавни обвинители, во Академија за судии и јавни обвинители каде што деца на функционери се ставаат за судии и обвинители и слично, рече тој.

Милошоски дополни дека секоја влада после изборите во која ќе учествува ДУИ ќе има сериозни проблеми да испорача реформи во правосудниот систем.

-Значи секоја влада после изборите во која што ќе учествува ДУИ, вакво какво што е ќе има сериозни проблеми да испорача реформи во правосудниот сектор, а секоја друга влада која што ќе има капацитет да биде формирана, а да не е вклучена ДУИ ќе има подобра позиција и шанса да испорача реформи во правосудниот сектор и владеењето на правото, додаде тој.

Најнови вести