петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски со сатирична порака: Поднесувам неотпивиклива проевропска оставка

Милошоски со сатирична порака: Поднесувам неотпивиклива проевропска оставка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, со сатиричен статус се огласи на својот Фејсбук профил.

Неговото обраќање, го пренесуваме во продолжение:

Јас, Антонио Милошоски, поднесувам неотпивиклива проевропска оставка од сите партиски функции, заради тоа што
1. во Мај 2008ма година го потпишав Договорот за стратешка соработка Македонија – САД, и со тоа сум создал услови за зголемено руско влијание во земјава, кое во овие клучни моменти за нашата партија и држава се појавува како пречка на безалтернативниот евроатлански пат, и
2. затоа што носам лична одговорност што како држава во 2009/10 година добивме безвизен режим за патување со македонски пасош во земјите на ЕУ, а тоа очигледно било само чин на лажен патриотизам кој дополнително не’ втурна во антиевропски изолационизам и меѓупартиски токсични игри.
3. И сатирата е порака!

Најнови вести