вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Тимот за надворешна политика е многу слаб и компромитиран

Милошоски: Тимот за надворешна политика е многу слаб и компромитиран

Граѓаните се уморни од неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ. Вие немате изборен легитимитет, вие не сте го добиле легитимитетот од граѓаните, рече Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ги доведовте од живот за сите до криза за сите, од едно општество за сите, од надоброто за мојата општина дојдовме до копање на биткоини од Елвис и Габриел – рече Милошоски.

Милошоски по однос на надворешната политика напомена дека Бујар Османи не е подобен да го води тој сектор и дека владата на СДСМ и ДУИ е таа која има добивано датуми кои никој не ги видел, а воедно со скандали го наруши имиџот на Македонија пред меѓународната јавност.

– Тимот за надворешна политика е многу слаби и компромитиран. Според мене досегашната влада ќе остане запаметена како единствена влада која 4 години нема амбасадор во Вашингтон. Сите зборуваме за стратешкиот партнер САД, но сега 4 години нема амбасадор. Имаа обид Фрчковски да го постават, но тој обид пропадна затоа што Фрчковски е единствениот за кого сме добиле вербална нота дека не е подобен да биде амбасадор и тоа владата ја рангира многу ниско во надворешната политика. Потоа и неуспешен обид да го пратат во Обединети нации. Трета работа е Миле Миленковски, кандидат за заменик на амбасадорот во ОБСЕ кој од Ерменија превезуваше бизнисмени и сега не е конзул, но е во Врање. Затоа предлогот за министер за надворешни работи не е добар, потенцираше Милошоски.

 

Најнови вести