сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Толку не трогна објаснувањето на поранешниот директор на ФЗО, што предлагам сите ние даночни обврзници приватно да му помогнеме

Милошоски: Толку не трогна објаснувањето на поранешниот директор на ФЗО, што предлагам сите ние даночни обврзници приватно да му помогнеме

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека сите граѓани му даваат поддршка на Ден Дончев, бидејќи со свои очи видоа како Ден Дончев со 10 вредни прсти се мачи, се поти и ја полни торбата со тешко спечалени пари.

-СООПШТЕНИЕ:
Видео снимката со земањето пари во торба од директорот Ден Дончев била од ПРИВАТЕН карактер!! Сите граѓани му даваат поддршка на Ден Дончев, бидејќи со свои очи видоа како Ден Дончев со 10 вредни прсти се мачи, се поти и ја полни торбата со тешко спечалени пари. Пола добродушни баби го читаат соопштението на трудољубивиот Ден со солзи во очите.
Толку сите не’ трогна ова издржано и емотивно објаснување на бившиот директор на ФЗО, што предлагам Нина Ангеловска да отвори втора солидарна сметка за донации
за сите ние даночни обврзници приватно да му помогнеме на “карактерниот” Ден Дончев, другарот на Зоран Заев, кои никогаш немале допирна точка со рекетирање на приватни фирми!
пс. Ден, го познаваш ли Бајруш Сејдиу, онака приватно?
#ПравдаЗаДен, стои во неговиот пост на Фејсбук.

СООПШТЕНИЕ: Видео снимката со земањето пари во торба од директорот Ден Дончев била од ПРИВАТЕН карактер!! Сите граѓани…

Gepostet von Antonio Miloshoski am Dienstag, 23. Juni 2020

 

Најнови вести